Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Клековски: Го осудувам нападот врз медицинските лица во „Јане Сандански“, но невозможно е да има обезбедување за сите здравствени работници во секој момент

Министерот за здравство Сашо Клековски го осуди нападот врз доктор и медицинска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски го осуди нападот врз доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош при Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, оценувајќи дека ангажирањето дополнително обезбедување е оправдано на одредени места, но оти не е возможно тоа да биде обезбедено во секоја екипа на Брзата помош.

Одговарајќи на новинарско прашање за нападот врз доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош, Клековски денеска рече дека нападот е за осуда, но дека не може да се обезбеди физичка заштита на сите здравствени работници во секој момент.

– Во однос на заштитата на здравствените работници, мислам дека во основа осудата е тука. Ангажирање на дополнително обезбедување можам да кажам дека е оправдано на одредени точки, меѓутоа дека ние ќе имаме обезбедување со секоја брза помош е невозможно, рече Клековски.

Реклама

Тој посочи дека и додека бил директор на Фондот за здравствено осигурување, го пренасочил сопственото обезбедување во Букурешт, во Комисијата за боледувања, бидејќи, како што рече, членовите на Комисијата биле постојано под притисок од незадоволни пациенти.

– Сметав дека таму е потребно поголемо обезбедување отколку тоа што ми е потребно мене. Значи, да, можеме да обезбедиме некои точки, меѓутоа, не можеме сите точки, не можеме да ја претвориме државава во полициска држава, истакна министерот.

Нападот врз докторот и медицинската сестра се случил на 21 ноември, околу 17:30 часот, пред Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, додека биле на работното место и се подготвувале да заминат на теренска интервенција. Според објавените информации, во нападот учествувале татко и син, а двајцата здравствени работници се здобиле со телесни повреди.

Лекарската комора најостро го осуди нападот и побара од надлежните институции итно да го расчистат случајот и да ги санкционираат сторителите, а најави и правна и психолошка поддршка за повредените колеги.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита побара итно расчистување на случајот и преземање конкретни мерки за поголема безбедност на здравствените работници на работните места и при извршувањето на теренските задачи.