Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Прилози

Бугарија утре избира претседател – Јотова фаворитка според последните анкети

Бугарија утре гласа за претседател.  Во трката учествуваат 27 кандидатски двојки.  Според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија утре гласа за претседател.  Во трката учествуваат 27 кандидатски двојки.  Според предизборните анкети најголема поддршка има актуелната претседателка Илијана Јотова. Веднаш зад неа е Андреј Ѓуров  поранешен заменик-гувернер на централната банка и вршител на должноста премиер, кој ја водеше земјата во првите месеци од 2026 година.

Клучното прашање во кампањата беше  каква позиција ќе заземе Софија во однос на Москва и војната во Украина. Дополнителна загриженост околу тоа предизвикаа нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег.

„Дефинитивно постојат ризици и закани за безбедноста на Црното Море, во различни области, но не можам да зборувам за закана по национална безбедност.  Требда да се истакне дека Бугарија и Романија постигнаа значаен напредок. За прв пат, во текстовите директно се зборува за безбедноста на Црното Море, не само за коридорите и поморскиот сообраќај, туку за безбедноста на цела Европа.“, вели Илијана Јотова, претседателка на Бугарија.

Реклама

„Молчењето не е стратегија за безбедност, исто како што желбата за мир не е одбрана. Мораме да ги преземеме сите можни превентивни мерки. Помалку од десет дена откако стапивме во функција , имаше балистички напади кон Кипар и Турција, кои ја загрозуваа нашата територија. Веднаш стапивме во контакт со нашите партнери и сојузници во Грција и беа преземени мерки за да не заштитат од заканаод дронови.“, вели Андреј Ѓуров, кандидат за претседател на Бугарија.

Јотова ја презеде претседателската функција во јануари годинава, откако Румен Радев се повлече за да учествува на парламентарните избори. Барајќи сопствен мандат, таа настапува како независна кандидатка, со поддршка од владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и Социјалистичката партија. Според последната спроведена анкета, Јотова добива поддршка од 47,3 проценти, наспроти 30,6 проценти на Ѓуров.  Анализите упатуваат на тоа дека во Бугарија ќе има и втор круг.

Дали планирате да гласате на престојните претседателски избори?

– Планираме. Секако.

– Се разбира.

Каква Бугарија сакате?

– Поинаква од оваа што ја имаме сега. Чиста, со помалку измамници.

– Бугарија во која младите нема да сакаат да ја напуштат државата затоа што не можат да заработат доволно.

Ќе има ли втор круг или директно на 25-ти ќе се знае кој ќе биде претседател?

– Кога било директно. Нема да биде.

– Мислам дека ќе има втор круг.

Во пресрет на изборите, бугарската јавност ја потресе и веста за убиството на познатиот бизнисмен и поранешен европратеник, Слави Бинев, кој беше застрелан на автопат во Софија. Полицијата приведе тројца осомничени, а како една од главните истражни верзии се наведуваат нерасчистени финансиски односи.