Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција за улогата на уставните судови во заштитата на демократијата во Приштина

Делегација на Уставниот суд на Македонија предводена од претседателот Дарко Костадиновски, судиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Уставниот суд на Македонија предводена од претседателот Дарко Костадиновски, судиите Фатмир Скендер и Ана Павловска-Данева учествува на меѓународна конференција на темата „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, која се одржува денеска во Приштина, Република Косово.

Како што информираат од Уставниот суд, Костадиновски ќе има обраќање во рамки на втората панел-сесија, со фокус на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, посветена на улогата на уставните судови во заштитата на демократските вредности, одржувањето на институционалниот баланс помеѓу властите и владеењето на правото. 

На истата сесија, освен Костадиновски, ќе говорат и претседателот на Уставниот суд на Литванија, Томас Давулис, потпретседателката на Уставниот суд на Словенија, Нежа Коговшек Шаламон, членот на Уставниот суд на Австрија, Георг Линбахер и судијката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, Лариса Велиќ.

Реклама

Конференцијата се организира по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово, а ќе собере претседатели и судии на уставни и врховни судови, претставници на европски судски институции, на Венециската комисија и експерти од областа на уставното право.