Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Мисајловски: Униформата е чест, заклетвата е обврска, а службата кон татковината се докажува со дела

Униформата е чест, заклетвата е обврска, а службата кон татковината е одговорност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Униформата е чест, заклетвата е обврска, а службата кон татковината е одговорност што се докажува со дела – порача министерот за одбрана Владо Мисајловски на свеченоста по повод давањето заклетва на питомците од јубилејната 30-та класа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, нагласувајќи дека најголемата сила на Армијата се обучените, мотивирани и професионални кадри.

Обраќајќи им се на питомците, нивните семејства и гостите, Мисајловски истакна дека свечената заклетва претставува прв чекор кон офицерска кариера во која честа, одговорноста и службата кон државата ќе бидат водечки вредности.

Во контекст на претстојното одбележување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и неодамнешното чествување на 11 Октомври – Денот на народното востание, министерот посочи дека овие историски датуми сведочат за истрајноста на македонскиот народ во борбата за слобода и самостојна држава.

Реклама

Според него, истите вредности се темел и на офицерската професија, која бара дисциплина, физичка и психолошка подготвеност, знаење и подготвеност за носење одлуки и преземање одговорност.

null

Осврнувајќи се на развојот на одбранбениот сектор, министерот истакна дека Министерството за одбрана, Генералштабот и Воената академија остануваат посветени на подобрување на условите за образование и обука, како и на модернизацијата на Академијата и Армијата.

– Наша определба е јасна и недвосмислена, посилна, поопремена и поефикасна Армија, целосно подготвена да одговори на современите безбедносни предизвици –  порача Мисајловски, додавајќи дека вложувањето во човечкиот потенцијал останува врвен приоритет бидејќи токму денешните питомци ќе бидат офицерите што ќе ја водат Армијата во иднина.

Мисајловски упати порака и до питомците од Босна и Херцеговина, оценувајќи дека нивното присуство е потврда за улогата на Воената академија како центар на знаење, меѓународна соработка и градење доверба меѓу идните офицери од партнерските и сојузничките земји.

Деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески, во своето обраќање истакна дека давањето заклетва претставува многу повеќе од свечен чин и означува личен завет за служба на татковината и почитување на офицерските вредности.

-Заклетвата не е само свечен чин. Таа е збор на чест, личен завет и ветување дека татковината, должноста и достоинството секогаш ќе бидат пред личниот интерес – порача Танески, обраќајќи им се на питомците од 30-тата класа.

null

Деканот посочи и дека во изминатиот период се направени значајни исчекори во модернизацијата на Армијата, преку набавка на современа опрема, инфраструктурни инвестиции и подобрување на статусот на воениот персонал. Тој оцени дека развојот на одбранбените капацитети не се темели само врз вооружувањето, туку пред сè врз луѓето, потенцирајќи го значењето на вложувањата во образованието и создавањето нови генерации офицери.

Обраќајќи им се директно на питомците, деканот порача дека офицерската професија бара не само лидерски способности, туку и високи морални стандарди.

– Добриот офицер не се препознава само по тоа како командува, туку и по тоа како се однесува кон луѓето што му се доверени. Бидете праведни. Бидете чесни. Почитувајте ги другите. Не плашете се да преземете одговорност – истакна Таневски.

null

На свеченоста заклетва дадоа вкупно 28 питомци од јубилејната 30-та класа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, а наставата дополнително ќе ја следат и шест питомци од Босна и Херцеговина.