Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Јаневска од Брисел: По зајакнувањето на националната наука, фокусот е на регионално и глобално поврзување

Македонија во изминатиот период презела повеќе мерки за развој на научно-истражувачката дејност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во изминатиот период презела повеќе мерки за развој на научно-истражувачката дејност и создавање организиран национален иновациски екосистем, а следниот приоритет е поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи, истакнала министерката за образование и наука Весна Јаневска на министерскиот состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан во Брисел.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, Јаневска посочила дека за краток период е двојно зголемен буџетот за наука, воспоставена е нова стратешка рамка, подготвени се нови законски решенија и модернизирана е националната истражувачка инфраструктура.

– Формиравме Национален совет за иновации, претприемништво и технолошки развој, кој е одговорен за координација на националните активности и иницијативи, а основавме и посебна Агенција за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво, која ќе го олесни пристапот до средства и услуги за компаниите, истражувачите и иноваторите – рече Јаневска.

Реклама

Таа информирала дека Македонија има седум центри за трансфер на технологии, пет технолошки инкубатори и еден приватен научно-технолошки парк, а во процес на основање се виртуелен научно – технолошки парк и првиот технолошки парк под целосна надлежност на државата. Јаневска додаде и дека проектот ВЕЗИЛКА пак е првата национална контактна точка во европската мрежа на фабрики за вештачка интелигенција.

– Тековен главен фокус е намалување на одливот на мозоци и создавање услови за задржување на младите истражувачи во земјата каде се очекува да го реализираат својот личен потенцијал – рече министерката, потенцирајќи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици во областа на науката и истражувањето и идентични можности за подеднакво да придонесат кон регионално справување со истите.

На состанокот во Брисел, на кој учествуваат министри за образование и наука од регионот, се разговарало за политики за поддршка на иновациите и за добри практики во истражувачката дејност.

Во рамки на посетата, како што информираат од МОН, треба да оствари и билатерална средба со европската комесарка за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева.