Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Данската писателка Ане Бјорн ќе одржи работилници за деца во соработка со училишта и библиотеки

Данската писателка и илустраторка Ане Бјорн денеска и утре ќе престојува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Данската писателка и илустраторка Ане Бјорн денеска и утре ќе престојува во Скопје, каде ќе одржи четири креативни работилници за деца во соработка со училишта и библиотеки, а инспирирано од нејзината книга „Магичен поглед“.

Работилниците ќе им овозможат на најмладите читатели да ја истражуваат моќта на цртањето и раскажувањето, да ја развиваат својата имагинација и да откријат како сликите и зборовите можат да ги изразат и најсложените и најтешките чувства. Преку два различни концепти, приспособени на возраста на најмладите читатели, Ане Бјорн ќе ги поттикне децата да размислуваат креативно, да ги споделуваат своите идеи и да го откриваат светот од различни перспективи.

Работилницата „Што гледаш ти, а другите не го гледаат?“, наменета за деца на возраст од 7 до 8 години, ќе ги охрабри учесниците преку цртање и визуелно изразување да ги истражуваат големите емоции и начините на кои ги доживуваат и надминуваат тешките или непријатните ситуации. Поаѓајќи од идејата дека секој човек го гледа светот на свој начин, работилницата ќе им даде простор на децата да ги изразат своите чувства и да откријат што сè може да се сокрие зад една слика.

Реклама

Втората работилница, „Како да создадам своја сликовница?“, наменета за деца на возраст од 9 до 10 години, ќе ги воведе учесниците во креативниот процес на создавање книга. Работејќи во мали групи, децата ќе создаваат кратки приказни и илустрации, со што ќе имаат можност да ги спојат зборовите и сликите и да искусат како од една идеја се раѓа сликовница, а при тоа истражувајќи и искажувајќи дел од себе.

Работилниците се поврзани со сликовницата „Магичен поглед“, преведена од дански на македонски јазик од Лара Крстева-Ичокаева, имагинативна и емотивна приказна за едно девојче од бегалско семејство кое од својата баба учи како да открива убавина, светлина и надеж дури и во свет обележан со суровост и разурнување. Со помош на едноставен, но волшебен гест – покривајќи го едното око со два прста – девојчето успева да види нешта што инаку остануваат незабележани: златни палати во мрачни шуми и сирени во длабокото море. Преку оваа топла и безвременска приказна, Ане Бјорн ја истражува способноста на детската имагинација да создава поинакви светови и да ја зачува надежта дури и во најтешките околности.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во рамки на Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма „Култура“ и на Министерството за култура и е достапна во книжарниците и преку дистрибутивната мрежа на издавачот. 

Работилниците ќе се одржат денеска и утре со поддршка на Општина Центар а во соработка со основните училишта „Војдан Чернодрински“, „Невена Георгиева-Дуња“ и „Панајот Гиновски“ од Скопје, како и со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и „Другарче“. 

Ане Бјорн (1984) е данска писателка и илустраторка, чии сугестивни илустрации им даваат форма на чувствата и доживувањата што често тешко се изразуваат со зборови – соништата, стравовите, тагата, лутината и имагинацијата. Дипломирала историја на уметност, а својата прва сликовница, „Кога ноќта исчезна“, ја објавила во 2015 година. Оттогаш има објавено повеќе наградувани дела, меѓу кои и „Магичен поглед“ (2021).