Показна вежба за постапување при пожар во Дом за стари лица во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи.
Вежбата ќе се одржи во Пензионерскиот дом во општината и се организира во духот на овогодинешната глобална тема „Отпорноста започнува дома“, со цел да се истакне важноста на подготвеноста, координацијата меѓу институциите и навремената заштита на граѓаните, особено на повозрасните лица.
Предвидени се обраќања и изјави за медиумите од градоначалникот на Општината, Александар Стојкоски и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. На настанот ќе присуствуваат и директори и претставници на релевантните институции вклучени во системот за заштита и спасување, информираат од општината.

