Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што Владата единствено штити е интересот на државата и на македонските граѓани

СДСМ се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена, која им пеела и на војската на Младиќ

Инсталациите на српските служби во Македонија, СДСМ и Венко Филипче продолжуваат со својата хипокризија.

Иако нивен партиски член, дел од поранешните раководни структури во СДСМ, поранешен советник на Зоран Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски кој учествувал и раководењето на државни институции, беше жив фатен како соработник на српската служба БИА, СДСМ се однесува како да не е оттука.

Реклама

Наместо со својата хипокризија СДСМ уште да обвинува други за разноразни теории на заговор, редно да си погледнат во сопствените редови кои се први соработници на туѓи служби.

Или, пак, можеби и Венко Филипче е директна инсталација на српските служби, по примерот на советникот на неговиот ментор, Зоран Заев кој се уште раководи со партијата.

Од друга страна, ваквото однесување и хипокризија на СДСМ е резултат на нивната разочараност што синоќа партискиот врв на чело со Филипче, Љупчо Николоски Путерот, нивниот градоначалник на Крива Паланка не можеа да се забавуваат на концертот на Лепа Брена, кој беше откажан поради временските услови.

Да, тоа е таа Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ, за кој сега ја креваат најголемата хистерија во јавноста.

А кога станува збор за пејачи од Србија, вредно е уште еднаш да напомниме и тие малку градоначалници што СДСМ ги има, како тој во Крива Паланка и Македонска Каменица, прават журки со пејачи на Александар Вучиќ.

– Инаку ставот на Владата во однос на покојниот поранешен генерал, Ратко Младиќ е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти, а од поединци, владини функционери кои излегоа со негова поддршка побара повлекување на ставот или доколку не се согласува со ставот на Владата, да се повлече од позицијата што ја извршува. Значи, тоа што Владата единствено штити е интересот на државата и на македонските граѓани.