Реклама
Македонија

2.000 вработени во Македонски шуми ќе ги добијат своите заостанати плати

Над две илјади вработени во Македонски шуми ќе ги добијат заостанатите плати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над две илјади вработени во Македонски шуми ќе ги добијат заостанатите плати за четири месеци. Парите за оваа намена се обезбедија со ребалансот на буџетот.

На вчерашната седница на Владата било одлучено средствата од сметката на Министерството за земјоделство да бидат префрлени на сметката на Македонски шуми.

Владата најавува дека на следната редовна владина седница ќе бидат распределени средства за да се исплатат и платите на вработените од А.Д. Водостопанство.

Реклама

Овие две јавни претпријатија со месеци се соочува со финансиски проблеми зашто претходната власт не обзбедила доволно пари за нивно функционирање.