Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Уставниот суд ја одржа 19. седница

Уставниот суд денеска ја одржа 19. седница, на која, како што информира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска ја одржа 19. седница, на која, како што информира било дискутирано за оценување на уставност и законитост на осум предмет и по подготвени нацрт-одлуки за четири предмети. 

Судот, како што информираат, поведе постапка за оценување на уставноста 41-а став 7 во делот „превозот“ од Законот за средното образование. 

Одлуката е донесена едногласно. 

Реклама

Предметот У.бр.92/2025 е оформен по иницијатива на Уставниот суд по претходно доставен предлог на претседателот Дарко Костадиновски, а подносител на иницијативата се Добре Наумовски и Ана Марија Јордановска. 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 30 став 6, член 31 ставовите 1, 3 и 4, член 32 ставовите 2 и 5, член 47 став 3 и член 52 став 3 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Одлуката е донесена едногласно, а подносител на иницијативата е Адвокатско друштво „Менкиноски” преку Тони Менкиноски и Сања Трајановска Ташков.  

Судот, информира дека, не поведе постапка за оценување на уставноста на член 33 став 1 во делот „трошоците“ од Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост.

Одлуката е донесена едногласно, а подносител на иницијативата е Игорчо Точев. 

Судот, исто така,  не поведе постапка за оценување на уставноста на член 52 став 9 алинеја 4, член 56 став 5 во делот „констатира“ и член 56 став 5 точка 3 и став 6 точка 2 од Законот за високото образование. 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови, а подносител на инцијативата е Игорчо Точев. 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 76 став 2 во делот „езера“ и член 192 од Законот за заштита на природата.

Одлуката е донесена едногласно, а оодносител на инцијативата е Игорчо Точев. 

Судот  ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 48 став 2 во делот „се исплаќа од страна на Централниот регистар“ од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица. 

Одлуката е донесена едногласно, а подносител на инцијативата е Игорчо Точев.

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.07-4554/14 од 31 мај 2012 година; Одлука за дополнување на одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.07-1135/9 од 21 февруари 2013 година; Одлука за дополнување на одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.09-4969/10 од 2 јуни 2022 година и Одлука за дополнување на одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување бр.09-1596/17 од 27 февруари 2023 година, на Општина Куманово.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови, а подносител на иницијативата Синиша Стаменов. 

Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот – Методологија за пресметка и исплата на пензии. Врз основа на добиено известување од страна на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, бр.10-1151/2 од 09.03.2026 година, Судот утврди дека посочениот акт – Методологија за пресметка и исплата на пензиите за кој со иницијативата се бара оцена на неговата уставност и законитост, од страна на Фондот не е донесен. 

Одлуката е донесена едногласно, а подносител на иницијативата е Мирослав Трлин.

Судот, како што информираат, го укинa член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки.

Одлуката е донесена едногласно, а подносител на иницијативата е Игорчо Точев.

Судот го укинa член 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.

Одлуката е донесена едногласно, а подносител на иницијативата е Игорчо Точев.

Судот  ја укинa Одлуката за поништување на одобрен урбанистички проект за село со намена А4.7 – куќи за потребите на селскиот туризам, во урбанистички план за село Сопиште на КП 1526/8 и КП 1532/5 КО Сопиште – Вонград, Општина Сопиште, бр.02-1509/1 од 29.05.2025 година, донесена од Советот на Општина Сопиште („Службен гласник на Советот на Општина Сопиште“ бр.6/2025).

Одлуката е донесена едногласно, а подносител на иницијативата е Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Судот го укинa член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектот регулаторна гилотина.

Одлуката е донесена едногласно, а подносител на иницијативата е д-р Ненад Гавриловиќ.

Од Уставниот суд информираат дека на седницата присуствувале седум судии.