Реклама

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Македонија

Прилеп под опсада: Стравувајќи од народот, власта и нареди на полицијата да врши строга контрола

         Со значително зголемено присуство на полицијата и со исклучително строги безбедносни мерки,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

         Со значително зголемено присуство на полицијата и со исклучително строги безбедносни мерки, но и невообичаено силни легитимирања и ограничувања дури и за новинарите, тричлената владина делегација, предводена од вице-премиерот Фатмир Битиќи, денеска во Прилеп, за Денот на народното востание, празнично дистанцирана од народот. Групи од граѓани, па дури и потомци на загинати борци, беа спречени да оддадат почит на хероите, иако регуларно и навремено биле најавени.

    „Цел автобус носам, 50 души, не мораше сите 50 души, ама 4-5 души можеше да не уфрлат во делегацијата и ние да положиме цвеќе. А не овие стари луѓе што се сите над 85 години да чекаат цел саат и пол. На што личи ова? А ние сме дошле од Скопје. Синоќа во 21.30 ч. ми се јавија и ми викаат – не може, од Внатрешни наредиле да не може со делегацијата, туку да чекаме долу“, – револтирано кажа Павлина Ристевска, претседателка на ОО на СБМ, о. Кисела Вода.

   Според информациите до кои дојде Алфа од свои извори, ваквите строги безбедносни мерки, а на кои од МВР интрнзивно работеле цела претходна недела,  најверојатно биле резултат на стравот од рекциите на граѓаните заради актуелните политичко-економски состојби во земјава, а какви што имаше и во претходниве неколку години.   

Реклама

   Каролина Дурло