Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Прилеп подготвен за престојниот Фестивал на пивото и скарата „Beer Weekend“

Со месец и половина пролонгирање од дваесет години редовниот датум на одржување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со месец и половина пролонгирање од дваесет години редовниот датум на одржување, овој викенд Прилеп ќе биде домаќин на познатиот Фестивал на пивото и скарата, популарниот „Пивофест“. На добро-познатата локација во центарот од градот, денеска веќе се поставуваат штандовите, како и бината на која во трите фестивалски вечери ќе настапат петнаесетина познати музички имиња, домашни и гости.

„Започнуваме утревечер со навистина супер музичка програма.Локацијата е добро позната. Ќе биде на старото добро место, околу 3.000метри квадратни од Плоштадот Александрија каде што ќе бидат поставени околу 10-тина штандови накои што ќе има и различни видови пиво и скара“, – кажа Влатко Петкски, портпарол на општина Прилеп.

Годинава, за прв пат, организатор на Фестивалот е „Евент груп“ од Скопје, според кого, заради краткиот временски период за организацијата, но и заради дведецениската успешна традиција на Фестивалот, овој настан бил голем предизвик, но и тест за наредната година да останат како организатори.

Реклама

За општина Прилеп пак, која настанот го поддржува со еден милион денари од Програмата за култура, престојниот Фестивал ќе биде дополнителна и многу важна финансиска инјекција за целата Oпштина.  Ветуваат успешно фестивалско издание, согласно очекувањата и на посетителите, но и на учесниците: музичарите, пиварниците, угостителите, како и воопшто на Чаршијата, како во поглед на безбедноста, така и на хогиената, паркирањето и сместувањето.

„Институциите кои се директно вклучени во вакви видови на маинфестации, сите се координирани. Имавме и заеднички состанок, така што буквално се е подготвено за започнување на оваа манифестација“, – истакна Петкоски.    

Утревечер, Фестивалот ќе го отворат музучките ѕвезди Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски и гостите од Србија: „Тропико бенд“ и Тијана М.

Каролина Дурло