Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Нa шест месеци пред изборите Владата сака да му ги врзе рацете на претседателот-Алфа екслузивно, детали од новиор Предлог закон за помилување

Со новиот Закон за помилување се укинува правото на претседателот на државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новиот Закон за помилување се укинува правото на претседателот на државата да аболицира лица опфатени за кои нема правосилна пресуда, Алфа екслузивно дојде до новиот предлог закон кој веќе е испратен до Владата.

Извадок од предлог законот за помилување

Со помилувањето на поименично определено лице, правосилно осудено за кривично дело му се дава потполно или делумно ослободување од извршување на казната, му се заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки или му се определува бришење на осудата или му се укинува, односно му се определува пократко траење на определена правна последица од осудата.

Реклама

На шест месеци пред одржувањето на претседателските избори во Македонија, власта реши да му ги скрати ингеренциите на претседателот на државата со измени во Законот за помилување.

Министерството за правда добива надзорна улога за примената на овој закон, а се бришат Комисиите кои досега имаа удел во носењето на одлуките.

Дополнотилно законот го уредува целиот процес на помилување, во кои улогата на претседателот на државата е намалена. Затоа пак, затегнати се роковите на институциите, но и лицата коишто се задолжени за спроведување на помилувањето.

Извадок од предлог законот за помилување

За постапување по молбата,  Министерството од казнено-поправната установа, од судот кој ја изрекол пресудата, од судијата кој го спроведува извршувањето, од секторот за пробација при Управата за извршување на санкциите и од други надлежни субјекти, бара податоци кои се релевантни за составување извештај за молбата.

Јавноста досега памети неколку аболиции на македонски претседатели за кои се кренаа лавина реакции и се поврзаа со политички игри. Поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за која и Стразбур донесе одлука беше жестоко критикувана од домашната и меѓународната јавност бидејќи со неа беа опфатени имиња на функционери. Исто така, пред повеќе од 15 години тогашмниот претседател Бранко црвенковски го аболицираше Зоран Заев за криминал тежок осум милиони евра.

Паула Костадиноска