Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДСM кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија.

Овие лица кои постојано повторуваат треба да одиме во ЕУ, треба да се интегрираме во Унијата очигледно само тоа го знаат – да кажуваат зборови во празно и да слугуваат.  Истите тие не можеме никако да ги слушнеме да кажат нешто паметно, освен како што кажав, повторување на празни зборови.

Зошто празни зборови? Па, Филипче знае само да зборува во празно и да слугува на Бугарија и тоа, дури и кога овој наш сосед јасно ги крши дипломатските правила. Филипче не најде за сходно да го спомне фактот како Бугарија крши дипломатски правила, а не пак да го осуди чинот со објавување документ со податоци од чувствителна безбедносна природа поврзани со семејството на премиерот.

Реклама

Почитувани,

По ова, дополнително на јавноста и станува јасен фактот дека Филипче гледа само како подобро да и слугува на официјална Софија.

Филипче не го засега ништо друго освен додворувањето на официјална Софија. Филипче не го засегаат било какви напади на Македонија, дали по идентитетот, по јазикот, историјата и слично.

Човекот си зацртал една цел, а тоа е да и слугува на Бугарија и на официјалната софиска политика, а самите македонски државни интереси воопшто не му се во фокусот.

Целата оваа ситуација укажува на едно, дека за Македонија непристојните предизвици на патот кон ЕУ не сопираат. Затоа одбраната на државните интереси е приоритет за актуелното раководство на Македонија.