Здруженијата за свињарство, „Македонско прасе“ и „Гицко“, уверуваат дека кревање на цената на свинското месо нема да има
Двете здруженија на производители на свињи, кои го обезбедуваат во потполност пазарот…
16.08.2023
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Двете здруженија на производители на свињи, кои го обезбедуваат во потполност пазарот на свежо свинско месо преку задоволување на домашните потреби од месо повеќе од 100%, цврсто стојат на ставот дека нема место за криза и грижи, се’ додека суверено со сопствени сили го задоволуваме нашиот пазар со виско-квалитетно македонско свежо месо“. Ова е ставот на македонските здруженија за свињарство „македонско прасе“ и гицко“, по објавата на стопанската комора, дека се очекува поскапување на свинското месо на македонскиот пазар и дека има итната потреба од увоз на смрзнато месо од странство како превенција на покачувањето на цените за крајните потрошувачи. Од здружението нагласуваат дека „ги подржуваат сите стручни постапки на ресорните министерства и нивната интенција за изнаоѓање на долгорочно и одржливо решение во однос на потребата на месо-преработувачите, кое од една страна ќе ја обезбеди стабилноста на домашниот пазар на месо и месни преработки, а од друга страна ќе ги зацврсти земјоделските политики со кои на свињарството на нашата земја се гарантира развојот и опстанокот на голем број семејства вработени во истиот“.