Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Дојран со туристи и средени плажи ја почна летната сезона

Првиот бран туристи веќе ги користи туристичките капацитети и плажите долж дојранското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот бран туристи веќе ги користи туристичките капацитети и плажите долж дојранското крајбрежје, според информациите со кои располага Општина Дојран. 

Високите температури овозможија зголемување на бројот на посетители кои сакаат да поминат викенд или повеќе денови покрај Дојранското Езеро и да ги користат природните особености на еден од домашните туристички центри.

Првиот човек на Општината, Илија Тентов, вели дека целиот брег на езерото во Стар Дојран е веќе исчистен и уреден, а во завршна фаза е и реконструкцијата на пешачката патека од пазарот до амфитеатарот.

Реклама

– Сите плажи се средени, целото крајбрежје е исчистено и попесочено на потегот од Градската плажа, па се до плажата “Фук так”. Сега има повеќе можност за капачите, се зголемува слободниот простор за користење покрај езерото, односно се зголемува капацитетот и целото крајбрежје е функционално. Ги имаме првите туристи, првите прогнози се задоволителни. Се бара место повеќе во дојранските сместувачки капацитети, и од домашни и од српски туристи, а истовремено привршуваме со санирање на оштетените делови од пешачката патека, вели Тентов.

Следната недела, на трети и четврти јули Дојран го очекува “Д – фест”, музички настан кој ќе се одржи на паркингот кај “Гранит”. 

– На јавниот повик кој беше распишан на почетокот на месецот избравме продукција која ќе ја направи програмата за Дојранското културно лето. Наскоро ќе ја објавиме програмата и тековно ќе информираме за сите настани. Културното лето ќе се одржува во јули и август. Фестивалот “Преку езерото” ќе биде во склоп на Дојранското културно лето. Во двата месеци, секојдневно ќе има различни содржини, поетски рецитали, настапи на фолклорни ансамбли, глума, драми, филмови. Сите настани ќе се одвиваат на две локации, под јаворот и на амфитеатарот, вели Тентов.

Во објавата на Општина Дојран се наведува дека Општината нема финансиски да ги поддржува манифестациите, но ќе има обврска кон организаторот да му овозможи користење без надоместок на јавните површини во наведените локации и ќе овозможи инфраструктурни приклучоци за одржување на настаните.