Реклама
Македонија

Додатоците во исхраната за бебињата од утре станува луксуз, исто како и перките од ајкула

Суплементите за трудниците и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Суплементите за трудниците и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца од утре стануваат луксуз . Аптеките од утре ќе стават нова повисока цена на овие производи кои и сега чинат многу. Пример витамините кои ги примаат трудниците по стара цена се околу 900 денари, а пак додатоците за бебиња од 400 – 800 денари .   

Главниот на ресорот економија пак  Бектеши се залагал за основните прехранбени производи кои се со замрзната цена да се на 5 % . По кој критериум се правела луксузната листа, не упати да прашаме во Финансии

Доколку има какви било технички грешки, ќе се корегираат, а и веќе се корегирани целосно. Направено е и повеќе од тоа по предлог на медиумите и на граѓаните. Листата се прошири и повеќето од производите остануваат со пет отсто ДДВ. За останатите производи, како е утврдено да одат од пет до 10 отсто и кои се критериумите, би ве замолил да се обратите до Министерството за финансии. За нас, како Министерство за економија, е важно основните прехранбени производи, тие кои се на листата за замрзнати цени и со ознаката „гарантирана цена“ да останат на пет отсто ДДВ и тоа ќе биде така , рече Бектеши.

Реклама

Оправданието на Владата за кои се производи се на оваа листа беше дека таму биле производи кои се луксуз или производи кои се нездрави за луѓето како чиспот .  Се поставува прашањето , во која категорија спаѓаат суплементите за бебиња  и зошто ќе се даночат исто како  месото од ирвас и перките од ајкули .

Владата првично донесе листа со повисок данок за производи кои ги нарече луксузни, а на истата се најдоа продукти како чајот, мастиките, цвеклото  . По бурната реакција во јавноста некои од производите беа повлечени и се вратија на стапка од 5 отсто , ама остана долг список на продукти кои од утре ќе се поскапи .

Кристина Алексиеска