Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Големо име, ама без суштина – „Манифестот“ на СДСМ и ДУИ е јалов обид да се претстави опозицијата како анти-европска

Гола пи-ар алатка без суштина – експертите критикуваат дека владејачкото мнозинство преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гола пи-ар алатка без суштина – експертите критикуваат дека владејачкото мнозинство преку манифестот сака да прикаже дека опозициските партии се против европскиот пат на земјата – што не е точно. Доверба и консензус не се гради со ставање потпис на веќе готов документ, коментира за Алфа поранешниот пратеник и амбасадор Оливер Шамбевски. Според него, СДСМ и ДУИ со доаѓањето на власт го имаат нарушен долгогодишниот принцип на единство за националните прашања.

  • „Навистина нема политички субјект во Македонија кој е против европскиот пат. Овој манифест го сметам за гола ПР алатка на ДУИ кој го потметнува преку Социјал-демократскиот сојуз и навистина сметам дека е без никаква суштина во неа. Дури и она што може да наликува на некаква на суштина, на ете на манифестирањето на начинот на кој ќе се функционира се до моментот кога СДСМ и ДУИ во 2017-та ја преземаа власта и ја нарушија довербата од граѓаните во општеството“ вели Оливер Шамбевски – поранешен пратеник.

Власта да имаше 2/3 мнозинство за уставни измени немаше да ги користи овие евтини трикови за некакво наводно обединување. Шамбевски вели опозицијата треба да го разгледа документот во рамките на своите партиски тела и пратеничката група, но да не го прифаќа.  

  • „Дури сега и овој обид е на погрешен начин. Даваат готов документ и велат земи или остави. Така не се гради доверба.Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ, односно цела опозиција и како најголема партија ВМРО-ДПМНЕ, треба да го разгледа документот но според мое мислење да не го прифаќа “вели Шамбевски.

Партиите од владината коалиција под плаштот на единство за зачленување во ЕУ преточен во манифест, повикуваат  Собранието да ги изгласа уставните амандмани за да може да се одржи втората меѓувладина конференција. Како што пишуваат,манифестот  бил добра основа за обединување околу европската иднина, иако такво нешто не е дискутабилно, со оглед на фактот  што ниту една парламентарна партија во Македонија се нема изјаснето против ЕУ.