Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Минимум што може СДСM да направи како опозиција е да ги поддржи законите од Реформската агенда, а не да прави опструкции

СДСМ постојано зборува за европски вредности, но кога ќе дојде време да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ постојано зборува за европски вредности, но кога ќе дојде време да покаже нешто на дело, ги нема никаде. Не е проблем ако опозицијата има различно мислење, туку тоа што од СДСМ цело време зборуваат за тие европски вредности и за реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат. Не гласаа за ниту едно законско решение, ниту во 2024, ниту во 2025 година, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа, избегаа од работната група за Изборниот законик, а таа работна група не спроведува никаква партиска агенда, туку има задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ и ОДИХР, стандарди кои самата ЕУ ги бара и стандарди за кои од СДСМ велат дека ги сакаат, па сепак бегаат.

Што точно претставува европскиот пат за СДСМ? Имаат ли некоја идеја поинаква од онаа што самата ЕУ ја има?

Реклама

Не е важно дали се во опозиција или се на власт, луѓе кои и сакаат добро на државата и на граѓаните би ги поддржале законите кои се во нивен интерес. Тоа е минимумот што треба една опозиција да го направи покрај нејзината конструктивност. СДСМ не го исполнува ниту тој минимум.

Неделава беа дополнети Предлог-законот за судска служба, Предлог-законот за јавнообвинителска служба и Предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори, а усвоени беа Предлог-законот за високи раководители, како и Предлог-законот за оружје.

Македонија и годинава ќе биде прва во регионот затоа што повторно ќе ги испорача обврските кои и се зададени и ќе ги донесе законите што се дел од Реформската агенда.

Доколку СДСМ продолжи со политиката на здружување со ДУИ и од опозиција се обиде преку опструкции да го забавува реформскиот процес, ВМРО-ДПМНЕ нема да се води од дневнополитички пресметки. Наш приоритет останува исполнувањето на реформската агенда и донесувањето на сите неопходни законски решенија во предвидениот рок.