Реклама
Македонија

Владата продолжува да ги минимизира државните празници, граѓаните револтирани од односот на властите кон историјата

Како Владата ќе го празнува утрешниот празник? Засега нема ниту лого, ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како Владата ќе го празнува утрешниот празник? Засега нема ниту лого, ниту пак позната агнеда, ниту пак инфомација ,за каде ќе се одбележува еден од најголемите државни празници – денот на македонската револуционерна борба.

На Илинденеска се чини како да не се подготвуваат за  23 октомври, туку одмораат и го користат продолжениот викенд. Тие денеска не одговараа на повиците од новинарите.

Судејќи по тоа како беше празнуван минатата година, а и како се празнуваат во контитуитет најголемите државни празници од страна на оваа Влада, граѓаните не очекуваат многу. Јавноста е убедена дека  намерно ги  минимизираат државните празници за да и удоволат на Бугарија.

Реклама

Последниве неколку години, се повеќе во славењето на празниците, говорите на владините претставници и логоата за одбележување изостанува името на државата, слоганите се чинат како да се недоречени, а имињата на макеоднските револуционери како и да не се споменуваат.

Последен пример беше и празнувањето на 11 октомври, со  слоганот „Непокор и слобода“ – не прецизирајќи чија и каде, со пораки каде воопшто не се ни спомнеа бугарскиот фашистички окупатор како термин , но и историска вистина владата го празнуваше 11-Октомври денот кога започнала борбата на македонскиот народ.

Идентично како и на изминатите големи државни празници последниве години, немаше никаква музичка композиција или телевизиски најави за 11-ти Октомври, ниту пак за 8 септември, а сега ни за 23 октомври.

Слично се празнуваше и денот на независноста, без големи свечености, на какви сме биле сведоци во минатото. Ковачевски денот на независноста ќе го одбележи со положување цвеќе на гробовите на поранешните претседатели Киро Глиговоров и Борис Трајковски, и со настан во градскиот парк.

Името на државата не беше споменато ниту за прославата за 8 септември минатата година. Тогаш паролата беше „Обединети во слободата

Ниту еден од хероите со години не е дел ниту од симболот кој се прави за втори авуст. Ова бешее четвртта  година по ред да не се споменува името на државата. Во 2019-та парола гласеше „Сите сме деца на Илинден“, а во 2020 „Победа за сите-Илинден“. Само „Илинден 2021“ беше логото за 2-ри Август пред две години.