Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Антикорупциска бара разрешување и кривична одговорност за директорот на Инспекторатот за градежништво Арифи

Директорот на градежниот инспекторат криел од антикорупционерите два стана во Скопје и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на градежниот инспекторат криел од антикорупционерите два стана во Скопје и автомобил „форд мондео“ од 18 илјади евра. Фатмир Арифи, го проширил имотниот лист, а не ја известил Антикорпциска која сега бара Владата да го разреши а обвинителството кривично да го гони поради тоа што не докажал како го стекнал овој имот.  

  • „ДКСК констатира дека именуваниот функционер освен редовни примања не остварува други приходи, а за станот во Чаир и за оној во Железара не се докажа дека е стекнат од редовни примања кои се пријавени и оданачени па согласно член 359а од Кривичниот Законик до ОЈО ќе доставиме иницијатива за кривично гонење на Арифи. Исто така до органот кој го именуваше, односно до Владата ќе доставиме иницијатива за одговорност и негово разрешување зошто не може директор на Државниот инспекторат за градежништво да стекнува имот по пат на бесправно градење објекти, не е во ред“, рече Ивановска.

Арифи едно пријавил во Агенцијата за катастар, во УЈП И МВР, а друго во Антикоурпциската комисија. По барање на антикорупционерите, тој доставил купопродажни договори, но тие не биле за недвижностите за кои се истражувало.

  • „По анализата ДКСК констатираше разлики во анкетниот лист на Арифи и имотните листови добиени од катастар како и од МВР во однос на сопственоста на возило. Утврдено е дека не е пријавен стан на ул. Крсте Асенов во Чаир, како и на недвижен имот на ул. Гемиџиска во Железара, и сопственост на возило „форд мондео“ купено во 2021 за сума од 18.000 евра. ДКСК со записник констатираше прекршок со ненаведениот имот во Анкетниот лист за кој Арифи ја плати глобата по прекршочниот платен налог,“ реферираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Арифи  на 10 август годинава бил да разговара со антикорупционерите и се правдал, дека становите ги стекнал со приватниот бизнис со кој се занимава односно продажба на автомобили. Па така , им понудил објаснување на антикорупционерите, дека едниот стан го стекнал преку трампа за автомобил. За вториот стан доставил документи за објкет кој е во фаза на легализација, но членовите на комисијата утврдиле дека станува збор за друга недвижнина.

Реклама

За непријавувањето на ново-стекнатиот имот во Антикорупциска, Арифи платил и парична казна.  

Викторија Миткова