Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Љутков: Македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење и историја, кој се пренесува и ги отсликува силата и истрајноста на народот

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, министерот за култура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, министерот за култура и туризам Зоран Љутков упати честитка до граѓаните истакнувајќи ја непроценливата вредност на македонскиот јазик како темел на националниот идентитет и културното наследство.

Во својата порака министерот нагласи дека македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење, историја и духовност, кој се пренесува низ генерациите и ги отсликува силата и истрајноста на народот.

– Денес го славиме јазикот што дише во нас. Денес се слави македонскиот збор, чист и бистар како планинско езеро, во кој се огледува нашата вековност. Во него се впишува нашето постоење. Во секој слог трепери нашиот културен бескрај. Во секоја реченица се реди една тивка, но непобитна вистина, дека сме тука, дека говориме и дека траеме. Македонскиот јазик е наш дом. Дом на нашата мисла, нашите чувства, нашите сеќавања. Македонскиот јазик не се мери со бројот на говорници. Тој се мери со длабочината на љубовта што ја носи во себе. Со вербата што ја чува. Со силата што ја изразува. Тој е присутен во секој искрен збор, во секое напишано писмо, во секој стих што го допира срцето. Тој е жив, буден, непореклив. Во него живее цел еден народ. Во него се огледува неговата душа. Во него трае Македонија – посочува Љутков во видеочеститката. 

Реклама

Тој потсети дека на овој ден во 1945 година е кодифициран современиот македонски литературен јазик, со што се поставени темелите на неговиот развој и афирмација.

– На денешен ден 1945 година со одлука на Народната Влада на Македонија е кодифициран современиот македонски литературен јазик, а беше утврдена неговата азбука и правопис. Затоа, да го чуваме и развиваме затоа што во него живее нашето исконско постоење и препознатливост пред светот. Нека ни е честит и вековит Денот на македонскиот јазик! – се вели во честитката на министерот Љутков.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: