Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“

Во Гевгелија денеска ќе се одржи јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Гевгелија денеска ќе се одржи јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“, на која ќе бидат презентирани клучните наоди од мониторингот и документот за јавни политики „Од локални инциденти до потенцијална екокатастрофа: како да се подобри управувањето со водите во Вардарскиот речен слив“.

Како што велат организаторите, документот нуди препораки за јавните политики и институционалната координација.

Според теренскиот мониторинг на група екоактивисти спроведен минатиот месец, речиси сите реки на Вардарскиот речен слив се во загрижувачка еколошка состојба. Во Брегалница, Конска/Сува Река, Каменичка Река, Кумановка, Пчиња и Вардар се констатирани директни канализациски и индустриски испусти, диви депонии во речните корита и ризик од излевање на рударско хидројаловиште. Утврдените состојби не се изолирани инциденти, туку укажуваат на системски слабости во управувањето со водите. 

Реклама

-Теренскиот мониторинг укажува на четири доминантни и повторливи категории на притисок врз водните ресурси во Вардарскиот речен слив. Тие се манифестираат преку испуштање нетретирани отпадни води, нелегално депонирање цврст и градежен отпад во и покрај водотеците, присуство на структурни ризици поврзани со стари депонии, фарми, индустриски капацитети и јаловишта, како и деградирана или оштетена инфраструктура што дополнително го влошува квалитетот на водите и ја зголемува ранливоста на водните екосистеми, наведува Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН.