Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Прилози

Јавна расправа за новата еколошка дозвола на „Титан Усје“

Титан Усје се наоѓа пред нова еколошка дозвола што ќе го одреди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Титан Усје се наоѓа пред нова еколошка дозвола што ќе го одреди начинот на работење на фабриката во наредните седум години. Претставници на институциите, граѓаните и невладините организации се собраа во иста просторија и јавно ги кажаа своите ставови.

Од Министерството за животна средина велат дека постапката се спроведува согласно законските процедури, а новата дозвола ќе ги содржи условите што произлегуваат од новиот закон изработен според сите европски стандарди.

Постапката трае согласно сите законски процедури и законски прописи. Новата дозвола која што ќе ја добијат за сигурно ќе биде заснована врз новите услови кои што произлегуваат од новиот закон за контрола на индустриски емисии. Сите дозволи до сега ќе претрпат измени започнувајќи од новата година.“- вели Беса Татеши од Министерството за животна средина.

Реклама

Од Титан Усје  нагласуваат дека веќе досегашната работа е слика на сите европски стандарди, а фабриката ги почитува сите законски прописи.

Во нашата апликација се опишува како инсталацијата работи сега, а работиме според она што е пропишано според закон, ние ќе работиме според важечките закони и ние нема никогаш да ги надминуваме пропишаните дозволи што се сега а ни во иднина.“- вели Наташа Бакреска, менаџер за животна средина и алтернативни горива од Титан Усје.

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ велат дека нивните досегашни предлози не се вградени во документите. Иако очекуваат трнлив пат, сепак остануваат на нивните ставови и барања.

Мониторингот и известувањата за мерењата на емисиите се на многу ниско ниво, се репортира за многу малку емисии, да речам за 30% од емисиите. Се останато што е тешки метали, диоксини, фурани и канцерогени работи воопшто не се известуваат, а се барања во европските стандарди. Бараме мониторингот да биде засилен, транспарентен и јавен.“- вели Марија Манолчева од „Стоп за Усје“.

Од Министњерството за животна средина идната недела најавуваат средба со претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ со цел повторно да ги слушнат нивните забелешки и барања.