Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Томовски: Воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила ги намали злоупотребите за 70 проценти

Организацискиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Организацискиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во гостување за една од националните телевизии говореше за активностите на институцијата насочени кон модернизација на возниот парк, намалување на злоупотребите на службените возила и регулирање на статусот на државниот имот – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Осврнувајќи се на воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила, Томовски оцени дека мерката дала видливи резултати. Според него, воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила придонело за речиси 70 проценти намалување на злоупотребите.

– Искрено, задоволен сум, можам да кажам дека 70 % е искоренета онаа злоупотреба. Сигурен сум дека ја има, повторно некаде некои од пониските ешалони, кои сакаат да ги злоупотребат, меѓутоа се надевам дека граѓаните се доволно свесни, разумни, може да фотографираат, може да пријават на телефонскиот број и на имејл-адресата, каде што ги имаме објавено од службата, и ние да ги споделиме со вас медиумите, па ете ако не разбрале како треба да се однесуваат со државниот имот и сопственоста на народот, тогаш да им покажеме на дело – рече Томовски.

Реклама

Тој најави дека СОЗР почнува и пилот-проект за набавка на три електрични возила, кои ќе ги користат курирските служби за достава на документација меѓу државните институции во Скопје.

– Еве сега имаме истражување на пазарот, имаме мал мини проект во Службата за општи заеднички работи, планот ни е да набавиме три електрични возила, кои ќе се користат во градот Скопје од нашите курирски служби, оние луѓе што разнесуваат дневно документи од институција во институција. Тоа ќе ни биде пилот-проект, да видиме дали е издржливо и дали можеме во нашата држава со онаа инфраструктура што ја имаме за полначи на батериите, дали може да се издржи – вели Томовски.

Говорејќи за државниот имот, Томовски потсети дека при преземањето на функцијата биле утврдени сериозни нерегулирани состојби, при што за дел од државните објекти, меѓу кои и репрезентативни вили, немало имотни листови.

– Не знам зошто никој не се одлучил овие објекти да ги легализира. Имало некакви постапки што биле заглавени во државните лавиринти, но, верувајте, доколку сакате нешто да реализирате, ќе го реализирате. Ние направивме измена на законот, по таа измена на законот, целиот државен имот го ставивме на располагање на службата, но е сопственост на Република Македонија. Нашата цел беше да може да почнеме овие објекти да ги реновираме, тие се во функција, но бидејќи не биле долг период реновирани, прокапуваат, имаат сериозни проблеми. Но, за да може вие тоа да го направите како постапка за реновирање, тендерска постапка, мора првично да имате имотен лист. Денеска, може да кажам, со оној имот со што располага Службата за општи заеднички работи, целиот е со имотен лист и е во служба на државата – рече Томовски.