Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Сиљановска-Давкова: Уставните измени не се гаранција дека нема да се појават нови пречки

Клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија е 30 септември кога Европската комисија треба да излезе со извештај за новиот пристап кон проширувањето – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во интервју на една од националните телевизии. , Сиљановска-Давкова рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за истите прашања ќе расправа и Европскиот совет.

– Тоа се моментите што нам ни се важни за да ги процесираме чекорите што сепак се можни и се договараат – истакна претседателката.

Реклама

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, таа изјави дека по неодамнешните контакти со бугарскиот претседател Румен Радев, гледа простор за интензивирање на дијалогот и за барање заеднички решенија.

– Заклучокот е дека треба многу напор, многу добра волја за да чекориме некако. Треба нешто заедно да инвестираме за да дојдеме до некакво решение – истакна претседателката Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека Бугарија во врска со прашањата кон надвор настапува усогласено, без оглед на политичките разлики.

– Ние сме тука навистина еден интересен феномен за разлика од Бугарија, која секаде настапува едногласно, дури и кога не е во право – посочи Сиљановска-Давкова.

Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, претседателката оцени дека уставните измени сами по себе не претставуваат гаранција дека нема да се појават нови пречки на патот кон Европската Унија.

Според неа, изворот на потенцијалните идни блокади е Вториот протокол меѓу Скопје и Софија, чии одредби се внесени во преговарачката рамка и во заклучоците на ЕУ.

– Патот сигурно ќе се отвори за момент, меѓутоа потоа на патот ќе се појави повторно нова препрека. Треба да го анулирате изворот на препреките, а тоа е Протоколот 2 –  потенцира Сиљановска-Давкова.

Таа повтори дека Македонија се залага за решение кое би ја спречило билатерализацијата на евроинтегративниот процес и оцени дека Европската Унија располага со механизми преку кои може да спречи блокади засновани на идентитетски прашања.

Во интервјуто претседателката Сиљановска -Давкова посочи дека никој не може да гарантира оти во иднина нема да има ново вето од земја членка, но оти Унијата може да воспостави правила според кои евроинтеграцијата нема да се попречува поради прашања што не се поврзани со критериумите за членство.

Таа истакна дека земјата останува посветена на реформската агенда и оцени дека е подготвена да го следи темпото на државите што најбргу напредуваат кон членство во ЕУ.