Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Серафимовски и Јанков извршија увид во штетите од невремето во струмичко Дабиле

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски и градоначалникот на Струмица,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, денеска ги посетија земјоделските површини во селото Дабиле, кои беа погодени од вчерашното силно невреме.

При посетата тие разговараа со земјоделците и извршија увид во штетите врз градинарските култури и пластениците, со цел да се добие реална слика за последиците врз земјоделското производство.

-Разговаравме со земјоделците и ги согледавме последиците врз градинарските култури и пластениците.Од производителите добивме конкретни информации за состојбата на нивните површини и за влијанието на невремето врз тековното градинарско производство. Нивните укажувања се важни за да се добие целосна и реална слика за штетите врз земјоделството во овој дел од струмичкиот регион, објави министерот Серафимовски на својот профил на социјалните мрежи.

Реклама

Тој истакна дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ја следи состојбата и останува во постојана комуникација со земјоделците и локалната самоуправа.

Градоначалникот Јанков информираше дека освен земјоделските површини погодени од невремето, извршил увид и во патната инфраструктура која, исто така, беше на удар на невремето.

-Благодарение на брзата реакција и интервенција на надлежните служби, предизвиканите штети на патните правци и јавната инфраструктура беа навремено санирани. Ги повикувам сите граѓани кои претрпеле штети да ги пријават до надлежните служби во Општина Струмица, за да можеме навремено да реагираме, комисиите да излезат на терен и да се изврши проценка на состојбата, со цел обезбедување соодветна поддршка, се наведува во објавата на Фејсбук струмичкиот градоначалник.