Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите

Земјоделците редовно да ги наводнуваат посевите, да ја следат евентуалната појава на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците редовно да ги наводнуваат посевите, да ја следат евентуалната појава на болести и штетници и да ги почитуваат препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите на УХМР.

Според нив, сите активности кои се итни, треба да се извршуваат рано наутро или приквечер.

-Изминатава седмица имавме сончево и топло време со повремени врнежи од дожд на некои места. Топлото време доведува до зголемување на транспирација и евапотранспирација, а со тоа доаѓа и поголема потрошувачка на вода. Растенијата губат повеќе вода преку транспирација отколку што нивниот коренов систем може да прими вода од почвата, што може да предизвика нарушување на водниот баланс во растението, т.е. појавата на воден дефицит и појава на суша. Затоа потребно е редовно наводнување на културите, исклучиво во ноќните или раните утрински часови за да се спречи шок кај коренот и големо испарување, објаснуваат агрометеоролозите.

Реклама

Потсетуваат и дека повеќето од културите се наоѓат во интензивен пораст и во фаза на берба.

-Пченицата е веќе прибрана или се прибира. По вршидбата зрното се досушува ако за тоа има потреба до 14 отсто влага, а потоа се складира во магацин или силоси, а сламата по жетвата се балира и се складира во камари до нејзина употреба. Пченката која е во интензивен пораст треба да се наводнува, иако се смета дека е отпорна на суша. Најголеми потреби за наводнување има во фазата метлење до налевање на зрното. Секој топлотен стрес и недостиг на влага во овој период може драстично да го намали крајниот принос, децидни се  агрометеоролозите. 

УХМР за следните денови прогнозира сончево и топло време со мала до умерена облачност и услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови.