Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Преку форуми Општина Македонска Каменица ќе избира приоритетни проекти

Општина Македонска Каменица е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, во чии рамки преку Форумите во заедницата граѓаните ќе имаат можност да предлагаат, да ги разработуваат, а потоа и да изберат проекти од важност за заедницата.

Првата форумска сесија е закажана за четврток, 9 јули 2026 година, со почеток во 09:30 часот, во спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ во Македонска Каменица.

Проектите што ќе бидат предложени и приоритизирани од граѓаните на Општина Македонска Каменица ќе бидат финансирани од фонд во вкупна вредност до 30.000 американски долари (USD), при што општината учествува со половина од средствата. Другата половина е обезбедена преку програмата „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со национални и локални партнери.

Реклама

Преку Форумите во заедницата, како втора компонента на оваа програма, преку јавни консултации ќе бидат предложени и финансирани проекти што ќе придонесат за поголемо социјално влијание, ќе обезбедат еднакви можности за мажите и жените, ќе поттикнат партнерства помеѓу организациите и граѓаните и ќе бидат одржливи и по завршувањето на финансирањето од Општината.

Главна тема на интервенција е социјалната инклузија, вклучувајќи и теми поврзани со заштитата на животната средина, управувањето со ризици од катастрофи и природни непогоди, родовата еднаквост, ранливите категории граѓани, доброто владеење и меѓуетничката соработка.

Општина Македонска Каменица е една од 10 општини од оваа фаза на проектот на УНДП, во рамките на кој до завршувањето во 2028 година ќе бидат опфатени вкупно 40 општини. Заедно со Фаза 1, опфатени се вкупно 40 општини. Програмата е во вредност од 6,8 милиони американски долари (USD).