Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Пожар избувна во реонот на селото Бучиште, Пробиштипско, апел граѓаните да избегнуваат непотребно движење со возила на тој реон

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во претпладневните часови избувнал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во претпладневните часови избувнал пожар кој брзо се проширил и во моментов го зафатил реонот до пробиштипското село Бучиште. 

Од ДЗС информираат дека сите расположливи сили се максимално мобилизирани и се наоѓаат на критичните точки со цел да се стави огнот под контрола. Посочуваат дека на терен активно и координирано работат Територијалната противпожарна единица – Пробиштип (ТППЕ), членовите на Доброволното противпожарно друштво (ДПД) – Пробиштип, претставници на надлежните институции и локалното месно население кое помага во справувањето со огнената стихија.

Со цел заштита на личната безбедност и овозможување непречен пристап на противпожарните возила, Општина Пробиштип упати апел до сите жители: да избегнуваат непотребно движење со возила и пеш кон зафатеното подрачје и с. Бучиште, строго почитување на насоките на надлежните служби и сообраќајната сигнализација/регулација и да не шират паника и дезинформации на социјалните мрежи.
Посочуваат дека доколку граѓаните забележат ново жариште или сомнително однесување, веднаш пријавете на бројот 112 или во ТППЕ Пробиштип.


Реклама

Општина Пробиштип информира дека внимателно ја следи состојбата на теренот и дека јавноста навремено, точно и континуирано ќе биде информирана за понатамошниот развој на настаните преку официјалните канали.