Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа

Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. Пожарот е пријавен вчера во 11 часот во атарот на село Неокази, каде што горела нива со жито. Но, поради сувата трева и ветерот многу брзо се проширил и зафатил површина на три села. 

-Има голема материјална штета, сè уште не е утврдена, значи, висината на штетата, но изгорено има од пожарот земјоделски површини, житни површини, овоштарници, лозја. За жал, во село Бучиште има настрадано и куќа, значи станбен објект, и некои други инфраструктурни како инсталации, така објекти – што бандери, што огради, струјни водови, водоводни водови, и, за жал, и неколку пчеларници. Реков дека штетата сè уште не е утврдена- вели Терзиќ. 

Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Терзиќ додава и дека Општината од понеделник ќе се ангажира во делот на прогласување на елементарна непогода и пред сè како што рече „да се охрабрат граѓаните да ги пријават штетите, и да видиме дали како тоа сè преку општината и државата може да се обештетат овие настанати штети“.

Реклама

-Сè уште не се конечни бројките за површините и конкретно штетите, сè уште е рано да се утврдат, тоа ќе се утврдува во следните неколку дена. Ние можеме само да кажеме дека површина која гореше, тоа се повеќе стотина или не знам точно колку може да процениме, илјадници штети. Имавме ангажман и од Дирекција за заштита и спасување кои ги прати ер-тракторите кои стварно завршија голема работа да се, пред сè, угасат овие површини на житни површини и да се спречи ширењето на пожарот кон населеното место Ратавица. Голема благодарност и до Дирекцијата за заштита и спасување- изјави Терзиќ.

Тој додаде дека од вчера и денеска полицијата и надлежните институции имаат излезено на терен за да утврдат кои се причините за големиот пожар, кој беснееше 10 часа во атарите на селата Неокази, Бучиште и Ратавица.

Инаку во Бучиште целосно е изгорена една куќа, а зафатени се уште неколку домови и објекти. Во гаснењето на овој пожар од земја учествуваа пожарникарите од ТППЕ Пробиштип, Штип, како и Доброволните друштва од Кочани, Пробиштип и Виница и месното население. Дирекцијата за заштита и спасување се вклучи до три ер трактори, за што Терзиќ изразува и голема благодарност до ДЗС и пилотите, како и до сите кои се вклучија во гаснењето на овој пожар.