Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Економија

Повисок стандард, а пониски цени: Во Словенија и Германија драстичен пад на цените на храна, поефтинувања и до 50%

Словенците и Германциите најдоа начин како да ги намалат цените на производите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Словенците и Германциите најдоа начин како да ги намалат цените на производите и до 50%. Јајца, масло, месо, млеко, риба – Словенците ќе се гоштеваат за цени драстично пониски од кај нас. Ако во Македонија на четиричлено семејство му се потребни повеќе од 20.000 денари во месецот само за да го наполни фрижидерот, во Германија е исто. Но, стандардот и платите не се исти. Владата не најде стратегија и реални мерки како да им помогне на граѓаните да го преживеат месецот.

Во Словенија и во Германија цените на хранта драстично падна. Некои производи се намалени за дури 50%. Во последните шест месеци поефтинија месото и месните производи, рибата , замрзнати производи, млечни производи, масло, тестенини, брашно, овошје и зеленчук. Словенечките ланци на маркети инфорираат дека цената е намалена на повеќе од 1.400 артикли. Во просек цените се намалени од 11% до 50% . И во Германија храната поевтини за над 30%. Иако и во двете држави платите се драстично повисоки и неспоредливи со македонските сепак тамошните влади најдоа начин како да им излезат во пресрет на граѓаните. Дека Германија прави се да ги заузда цените кои вртоглав пораснаа по енергетската криза, потврди и германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир кој е во посета на Македонија. На властите им порача да се водат по европските практики, за економска стабилност и социјален мир.

  • За Сојузна Република Германија е јасно дека иднината на Македонија е во ЕУ и јас би сакал, во рамките на мојата надлежност како министер за исхрана и земјоделство, да го искажам мојот респект за напорите што ги направи вашата Влада и вашата земја на досегашниот пат. Морам да кажам дека овој пат навистина не е едноставен, не е ни краток во однос на војната што сега се случува во Европа. Војната е повторно вратена во Европа, ја имаме агресијата на Путин врз Украина и сето тоа покажува дека соработката помеѓу државите е многу важна, а диктатурите не сакаат да постои таков тип на соработка. СР Германија навистина го поддржува пристапниот процес на Македонија и ние ќе направиме се што можеме за да ве поддржиме на вашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, потенцира германскиот министер.

И додека во Македонија цените на храната се намалени за некој денар, кој во домашниот буџет не се почуствува, земјите од регионот кројат и спроведуваат стратегија за намалување на ценовниот шок посебно и пред грејната сезона. Во Македонија на едно семејство му се потребни повеќе од 20 илјади денари во месецот само да ги покрие  трошоците за храна и пијалоци. Од јуни до сега цените на производите значително се зголемија. Особено кај овошјето и зеленчукот.

Реклама

Борис Грујоски