Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Петрушевски: Филипче да го осуди преседанот во дипломатијата откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота

Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата. 

Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски.

Политичките партнери на Филипче, бугарските власти предводени од Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски. 

Реклама

Документот за којшто се уште нема извинување од официјална Софија, објавен е на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, местото во кое е сместено семејството на претседателот Мицкоски, како и радиофрекфенцијата на која комуницирале обезбедувањето. 

Овие сигнали којшто ги испраќа Бугарија даваат јасен знак дека патот за Македонија во ЕУ нема да биде лесен, туку ќе биде испреплетен и полн со предизвици и притисоци. 

И наместо осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, тој молчи и продолжува да соработува со оние коишто не не признаваат, а тоа се властите во Бугарија предводени од Румен Радев. 

Македонија нема да се предаде и откаже. Ваквите притисоци и уцени од соседна Бугарија ни даваат само поголем мотив на чесен, достоинствен и исправен начин да се трудиме да бидеме дел од европското семејство.