Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Петрушевски: Молкот на СДСM, ДУИ и Таравари е признание дека го штитат Валбон Лимани

По скандалот со водата во Гостивар, најгласен е молкот на СДСM, ДУИ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По скандалот со водата во Гостивар, најгласен е молкот на СДСM, ДУИ и Таравари. Ниту осуда, ниту барање за одговорност, ниту повик за оставка од нивниот кандидат Валбон Лимани, кој јавно изјави дека не чувствува никаква морална одговорност, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM, ДУИ и Таравари молчат затоа што Валбон Лимани е нивен кандидат и го штитат преку нивните обвинители и судии.

Молкот е доказ дека за СДСM, ДУИ и Таравари партиската припадност е поважна од здравјето на граѓаните.

Реклама

Тие секојдневно бараат оставки од кого стигнат, но кога се работи за нивните кадри, сите принципи за отчетност исчезнуваат.

Брзата реакција на владините институции, ќе го реши проблемот во Гостивар во експресен период. Тоа покажува дека коалицијата во Гостивар предводена од СДСM, ДУИ и Таравари нема капацитет да ја води општината.