Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Околу еден милион денари е штетата по невремето, на кровните конструкции на училиште и градинка во Штип

Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова се пресметките на проценителите за штетите на институциите кои се под надлежност на Општината, а оние кои ги пријавуваат граѓаните за оштетување на кровови, возила и други штети ќе се пресметаат откако Комисија ќе излезе на терен и ќе изврши проценка. 

Најголема штета од ова невреме има штипската Клиничка болница, каде што се расчистува падната кровна конструкција и градежниот шут, по што ќе треба итно да се изврши реконструкција на кровот. 

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека до вчера до Општината имаат пристигнато над 100 пријави за штети од граѓани за невремето проследено со силен ветар. 

Реклама

-Најголемиот дел од нив се однесуваат на оштетени кровови на куќи, помошни објекти, како и гаражи, настрешници, фасади, оштетени возила. Евидентирани се оштетувања и на јавни објекти и институции. Службите се на терен и санацијата на овие оштетувања е во тек- изјави Тоневски. 

Тој додаде дек Комисијата за проценка на штети веќе е на терен за да ги проценат штетите кои ги имаат граѓаните и институциите од силното невреме.