Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

Нов ценовен шок по први јуни, ако престанат мерките за намалено ДДВ

Владата се уште нема план за справување со ценовните шокови. За помалку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата се уште нема план за справување со ценовните шокови. За помалку од две недели истекуваат мерките нула проценти ДДВ за основните прехранбени производи и мерката за ограничување на трговските маржи, а  за нови се чека Ребалансот на Буџетот кој ќе биде ставен на денешната Владина седница.  Предлогот на Министерството за економија е да нема директно замрзнување на цените оти тоа можело да го наруши домашниот пазар.

Тоа го предлага министерството, да нема замрзнување затоа што не можеме да влијаеме во делот на суровините кои се увезуваат со тоа можат да се направат дополнителни проблеми на пазарот имајќи во предвид дека имаме други начини тоа да го направиме кога ќе се донесе ребалансот ќе ја информираме јавноста, истакна Министерот за економија Крешник Бектеши.

Реклама

Освен цените на храната,  од 1 јули ќе поскапи и струјата. И за мерките во делот на електростопанството ќе го чекаме Ребалансот на Буџетот. Евтината тарифа од 22 навечер до 7 часот наутро останува да важи, а цената на блок тарифите за скапата струја дополнително ќе се утврдува. Владата  ќе  расправа и за тоа дали ќе продолжи кризната состојба и колку пари ќе бидат обезбедени во тој случај.

Само треба да се одлучи од страна на Владата во делот на цената на ЕСМ што ќе ја даде за ЕВН хоум како што правиме двапати годишно. Лани одлучивме да биде 41 евро, сега се прават анализите во ЕСМ. Кога ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинства и мали и микро претрајтија, тогаш ќе знаеме колкава би била финалната цена по блокови, вели Бектеши.

Македонија се наоѓа во двоцифрена зона на инфлација од 10.5 отсто, а  Бектеши уште еднаш како многу пати досега  откако влеговме во економска криза апелираше да не се шири паника. Смирува дека Владата ќе обезбеди доволно средства и дека сме имале и доволно храна.

Кристина Алексиеска