Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Економија

Неколку маркети затворени од пазарна инспекција

„ Затворено од пазарна инспекција “ –  ова стои на вратата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„ Затворено од пазарна инспекција “ –  ова стои на вратата на ланци на маркети во Скопје и Струга . Државниот пазарен инспекторат стави клуч на врата на  пет маркети во овие градови, а  казнети  се уште два во Кичево.  Мерките се преземени оти маркетите не ја   почитувале Владина одлука за гарантирана цена  , но имало и прекршувања на останати законски прописи со што потрошувачите биле донесени во заблуда .  Маркетите покрај пломбата од пазарен инспекторат треба да платат и казна во вкупен износ од над 4 милиони денари.

Прекршоци по одлуката за мерките на владата, за намалување на прехранбените производи на 25 категории на производи, каде што треба да стои видлива ознака „ гарантирана цена “ . Имаше случаеви каде не стоеше „гарантирана цена“ , а е намален производот , а имаше случаеви каде стои „ гарантирана цена “ , а не е намален производот или пак стои продукт и цена и гарантирана цена а истиот не е намален, вели Директорот на пазарен инспекторат Горан Трајковски .

Реклама

Мерката „ гарантирана цена “ , Владата ја донесе минатата недела , а маркетите имаа пет дена да се прилагодат за нови цени .

 Директорот на пазарен инспекторат  најави дополнителни засилени контроли од утре, а убедува дека компромис немало да има за никого .

Подобро е самоиницијативно во понеделник да си ги затворат објектите, да си ги средат овие работи и да отворат , бидејќи во спротивно ќе постапуваме и со казни, а доколку видиме и нечесни трговски практики ќе постапиме и со затворање . Затворањето е од 3-33 дена , јас не би сакал повеќе од 5 дена да биде затворањето . Ова нека биде еден апел и поука да се средат, стојам зад тоа дека компромис нема да има, додаде Трајковски .

Трговците имаа обврска да ги намалат цените за најмалку 10%,  од онаа цена што била на први август . Ова важи за 25 категории на производи односно над 800 производи.   Мерката е донесена откако цените стигнаа до „ плафон“ , а дел од експертската јавност предупреди дека е само популистичка и нема да придонесе за намалување на инфлацијата.

Кристина Алексиеска