Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Нафтата близу 100 долари за барел, Владата разгледува мерки за заштита на стандардот

Снабдувањето со горива во Македонија е стабилно и нема нарушувања на домашниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Снабдувањето со горива во Македонија е стабилно и нема нарушувања на домашниот пазар. Од Владата велат дека будено ја следат состојбата не само дома, туку  и на берзите во регионот, но и на меѓународниот пазар со нафтени деривати. Додаваат дека Владата ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20-ти октомври, со што се обезбедува навремено и ефикасно да се реагира доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или ценовни шокови. Владата досега ја намали акцизата за 1 денар кај бензините и за два денари по литар за дизелот. Се разгледува широка лепеза на мерки.

„Покрај веќе донесената одлука за намалување на акцизите, Владата останува подготвена да преземе и дополнителни мерки доколку тоа го наложат околностите, со цел да се зачува стабилноста на пазарот, да се обезбеди непречено снабдување и да се заштитат граѓаните и стопанството од евентуални негативни последици“ – соопштуваат од Влада.

Засега не се знае дали ќе има вонредна владина седница на која ќе се воведат мерки до понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика пак ќе ги пресметува новите цени на горивата кои ќе важат од вторник.

Реклама

Премиерот Мицкоски вчера рече дека меѓу мерките кои на Владата и стојат на располагање е и намалување на ДДВ-то од 18 на 10%. Сепак, и покрај тоа што оваа е најнепосакувана мерка бидејќи удира директно врз државниот буџет, тој смета дека интересите на граѓаните треба да бидат во фокусот при зачувување на ценовната стабилност.

Засега не се знае дали се исполнети условите акцизата да се намали за 4 денари по литар, односно дали нафтата ќе надмине 1200 долари по тон до крајот на тргувањето денеска. Цената во моментов изнесува 98 долари за барел и е повисока за 10 долари споредено со минатиот петок.

Горивата во Македонија за три недели поскапеа за 14 денари кај дизелот и за 5,5 денари кај бензините. И покрај тоа, земјава се уште има најевтини нафтени деривати во регионот.