Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Економија

Мицкоски: Во првиот квартал од следната година очекувам целосна синхронизација на нашиот со грчкиот национален гасовод

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува гасоводниот интерконектор со Грција да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува гасоводниот интерконектор со Грција да биде завршен во првата половина од следната година.

-Во првата половина од следната година очекувам да биде готов, еве и да бидам чекор пооптимист, во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасовод. Веќе е објавен од страна на Номагас интерконекторот со Србија, така што сето тоа коешто ние го зборуваме, тоа се реализира и тоа го правиме со сопствени средства. Немаме кредит, немаме заем, немаме донација, немаме грант, немаме ништо, туку со домаќинско работење го правиме со сопствени средства, истакна Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање по поставување камен-темелник на изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. 

Тој додаде во тек се три нови проекти коишти се рестартираат –  гасоводот којшто треба да ги поврзе Велес и Штип, гасоводот којшто треба да ги поврзе Гостивар со Кичево и една отсечка која ќе биде извлечена пред Тетово и којашто ќе влезе во Косово.

Реклама

-Понатаму оставаме на косовската Влада да одлучи дали ќе продолжи да ја развива на територијата на својата земја или нема да продолжи, тоа е нивна одлука, но наше е  она коешто сме го разговарале да го направиме и тоа ќе го направиме – додаде премиерот.

И од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вчера истакнаа дека гасоводниот интерконектор со Грција ќе биде завршен во текот на наредната година, во согласност со утврдените рокови и планови за реализација.

Во МЕРМС вчера се одржа средба на ресорната министерка Сања Божиновска, со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, и главната извршна директорка на грчкиот оператор на системот за пренос на природен гас ДЕСФА, Марија Сферуца.

На средбата биле разгледани тековните активности за изградба на интерконекторот на двете страни од границата, како и динамиката за реализација на договорните обврски.

– Во фокусот на разговорите беше потврдената заедничка определба проектот да се реализира во согласност со утврдените рокови, преку интензивна координација меѓу институциите и операторите, со цел да се обезбеди нов, сигурен и диверзифициран пристап до природен гас за Македонија. На средбите беше потврдена заедничката оценка дека гасоводниот интерконектор ќе биде завршен во текот на наредната година, во согласност со утврдените рокови и планови за реализација – велат од МЕРМС.

На средбата меѓу министерката Божиновска и главната извршна директорка на ДЕСФА, Сферуца посебен акцент бил ставен и на регионалната иницијатива „Вертикален гасен коридор“, која, потенцираат од МЕРМС, претставува значајна можност за унапредување на енергетската поврзаност, зајакнување на сигурноста во снабдувањето и интеграција на националните пазари во пошироките европски енергетски текови.