Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Михалис Рокас со пофалби за реформите: ЕУ гледа голем напредок во реформската агенда на Македонија

Македонија работи извонредно во исполнување на реформската агенда. Напредок има во сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија работи извонредно во исполнување на реформската агенда. Напредок има во сите 51 точка од планот за раст, но во моментов фокусот е на исполнување на она што е во грејс периодот, со цел државата да добие што е можно повеќе пари од Европската Унија. Евроамбасадорот Михалис Рокас е оптимист, дека од 10-те реформски законик, за кои немаме многу време, ќе исполниме најмалку 9 и половина.

-Се фокусираме на 10-те чекори кои што беа во грејс периодот и кои што истекуваа на 30-ти јуни. И овие 10 чекори мора да кажам дека навистина внимателно работевме непосредно со Владата, со цел да ги исполниме овие чекори. Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати, изјави Рокас.

Премиерот Христијан Мицкоски е оптимист дека во краткото време што ни останува ќе си ја завршиме максимално успешно домашната задача.

Реклама

-Јас би сакал да сме 10 од 10, имаме време до 15-ти јули отприлика, некоја недела имаме плус, да седнеме еве подготвени сме да уште еднаш најдеме начин како да го надминеме, она кое што денеска го прави преку своето неодговорно однесување опозицијата, изјави Мицкоски.

Премиерот повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Што се однесува до финансиските средства, Македонија досега има добиено нешто над 140 милиони евра, а со планираните околу стотина плус, сумата треба да дојде до 240 милиони.

Матеја Петровски