Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Кривичен суд: Заврши предметот „Тотал“, Обвинителството се откажа од обвинителниот акт

Предметот „Тотал“ на поранешното специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предметот „Тотал“ на поранешното специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост.

Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај годинава. 

– Во конкретната постапка, која во овој суд се води од октомври 2017 година, обвинети се Д.П.-Л. како физичко лице и три правни лица од Скопје, за кривичното дело даночно затајување. Предметот неколкупати почнуваше од почеток поради промена на надлежноста на јавниот обвинител и преземање на предметот од едно во друго обвинителство за на последното рочиште надлежниот јавен обвинител, во завршен збор да се откаже од понатамошно гонење на обвинетите. Имено, обвинителот, имајќи ги предвид наводите во вештиот наод и мислење, најпрвин направил измени во обвинителниот акт по што утврдил дека за две од обвинетите правни лица во постапката не се исполнети елементите што го чинат законскиот опис на пријавеното кривично дело даночно затајување, а за едно правно лице и обвинетиот Д.П.-Л. во меѓувреме настанала апсолутна застареност на кривичното гонење. Поради сето тоа, судот постапил во согласност со законските одредби и ја донел наведената пресуда – се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Реклама

Пресудата од 25 јуни годинава е правосилна и веќе се изготвени решенија за трошоци на странките, а штом таа ќе биде анонимизирана, како што посочуваат од Кривичниот суд, ќе биде објавена на веб-страницата на судот.