Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Коцо: Неопходни се законски измени со кои ќе се предвиди одговорност за судиите

Скандалозно избраните судии чекаат Собранието да ги повика да дадат свечена изјава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалозно избраните судии чекаат Собранието да ги повика да дадат свечена изјава и официјално да станат дел од судскиот совет. До спикерот Џафери е доставено известувањето и сега само чекаат термин. Во меѓувреме највисокото судско тело останува затворено за јавноста, а правната фела остро критуикува за нетранспарентноста. Судијката во пензија од Врховниот суд, Вера Коцо вели дека е сомнително тоа што советот одлучува далеку од очите на јавноста. Судијката објаснува и низа спорни моменти во изборот новиот член од редот на Врховниот суд.

  • За мене уште повеќе карактеристично односно со поголемо влијание фактот што не се одважи комисијата или самиот член да рече стоп. Овој начин на избор и ова негово избирање, нема лигитимитет во неговата фела. Имено, тој беше избран од шест судии кои гласале ЗА, меѓутоа од 16 судии на список од Врховниот суд, гласале 13, од кои 7 судии не го пополниле гласачкото ливче како што треба па беа неважачки. Немојте да кажете дека врховен судија не знае да пополни ливче“ вели во емисијата на Алфа „ЗА ИЛИ ПРОТИВ“, Вера Коцо, поранешна врховна судијка.  

Освен ова, за јавноста се уште е нецелосно разјаснето како непосредно пред изборите, беше прекината дисциплинската постапка за врховниот судија.

  • Она што се случи со претставката на судијата од Врховниот суд беше навистина сомнително, бидејќи еден ден пред да бидат ставени на листа за кандидат се разреши неговото прашање околу претставката, односно беше кажано дека е неоснована таквата претставка. Со тоа тој доби отворена врата да се јави на огласот, што за мене и за стручната јавност остава сомнеж“ вели Коцо.  

Во период кога судството има историски најниска доверба од граѓаните,а во телата кои избираат и разрешуваат суди и обвинители не веруваат ниту оние кои судат и гонат, решението е само одговорност вели поранешната судка Коцо. Според неа ветингот е задоцнет и сега нема да заврши работа.

Реклама
  • Мора да се промени законската регулатива. За судскиот совет мора да се предвиди одговорност. При изборот за нови членови на судскиот совет мора да се определи цензус, односно со колку гласа моќе да помине некој кандидат за да биде член на судскиот совет. Тоа во зкаонот го нема. Тука мора да се направи измена…Мислам дека најпотребно е зајакнување на овие институции, но за жал двата Совети, (Судскиот и Советот на ЈО) мора да претрпат, големи искушенија, во смисла на самоконтрола нивна, односно квалитетно подобрување, да не кријат, да не лажат, да не мислат дека ништо нема да се открие. Одговорност, се знае кои луѓе направиле нешто, да не ги именувам, не  мое, ама они меѓу себе се знае, затоа им се нарушија односите… вели Коцо.

Инаку во судскиот совет влегоа Антоанета Димовска, сестра на пратеничка од Соцјал-демократите, која доби 160 гласови од скопското апелационо подрачје, а Наќе Георгиев со само 6 гласа како единствен кандидат од Врховен го доби последното празно столче во Судскиот Совет.  

Викторија Миткова