Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници

Клиничка болница-Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничка болница-Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион пациентите кои се со скршеници во наредните денови да не ги препраќаат или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетат од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничка болница-Штип. 

-Ве известуваме дека поради вчерашната елементарна непогода е нанесена штета на Одделот за Ортопедија и ортопедска сала при ЈЗУ Клиничка болница Штип. Ве замолуваме во текот на следните денови до санирање на нанесената штета, пациентите со скршеници да не ги испраќате во Клиничка болница Штип бидејќи нема да можат да бидат адекватно третирани. Во следните денови ве замолуваме пациентите да ги препраќате во другите центри со цел да го добијат соодветниот натамошен третман -соопштија од Клиничка болница-Штип. 

Заменик директорката на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова посочи дека 15 до 20 пациенти од ортопедија се хоспитализирани  по други одделенија. Утринава во болницата на терен биле проценители, со цел да утврдат колкава е штета на кровната конструкција, која падна, со цел побрзо да се санира.