Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Димитар не се согласува со Ковачевски: Претседателот на СДСМ ќе бара промени во законот предложен од премиерот

Партискиот претседател Димитар не се согласува со премиерот Ковачевски. Законот за амнестија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партискиот претседател Димитар не се согласува со премиерот Ковачевски. Законот за амнестија кој од Владата пристигна во Собранието и ќе се гласа по скратена постапка, ќе добие амандмани од владејачката партија СДСМ. Тоа што премиерот и неговите министри го напишале на владина седница, ќе се менува по барање на првиот човек на партијата СДСМ.

И јас имав свој став во однос на законот и на тоа дека пратеничката група на СДСМ веднаш ќе поднесе амандман штом ќе влезе во процедура законот, за да не постои можност да бидат вклучени одредени лица во дел на оваа амнестија. Исто така постојат и други мислења кои што ги искажаа одредени политички партии во однос на овој закон, изјави Ковачевски.

Слично како и за новиот Кривичен законик, ниту за овој немаше никаква дискусија. За кривичниот дека не биле консултирани се пожали републичкиот обвинител Љубомир Јовески, за овој пак првиот човек на Судски совет Сашко Ѓоргиев.

Реклама

Само ќе истакнам дека искрено очекувам да има една целосна транспарентност во смисла на тоа од кои причини, ефектите би бил донесен овој закон. Очекувам да бидеме еве вклучени во некој дел од целата таа процедура со свое мислење како Судски совет, како судска фела, изјави Ѓоргиев.

Опозицијата веќе најави дека доколку Владата се обиде да му залепи европско знаменце на овој предлог зкакон тие ќе го напуштат Собранието. Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е очаен договор за спас на криминалците и една партија. Најави дека опозицијата ќе стори се што е во нејзина моќ да го блокира донесувањето на овој како што го нарече штетен закон. 

Матеја Петровски