Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Герасимовски: Обезбедуваме финансиска поддршка за штетите од невремето

По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули, информираат од локалната самоуправа.

-Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на последиците, работевме и на системско решение за финансиска поддршка на најпогодените. Како и секогаш кога граѓаните се соочуваат со предизвици, и овојпат Општина Центар стои покрај нив. Во моменти кога е најтешко, нашата обврска е не само да реагираме, туку и да обезбедиме конкретна поддршка за побрзо да се надминат последиците. Никој нема да остане сам во справувањето со штетите од ова невреме. Нашата цел е постапката да биде фер, транспарентна и средствата да стигнат до оние на кои навистина им се најпотребни – изјави градоначалникот Герасимовски.

Во однос на иницијативата на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за обештетување на граѓаните, тој посочи дека Општина Центар веќе има воспоставена пракса за вакви ситуации и дека институцијата делува навремено и проактивно, на терен и меѓу граѓаните, а не од полотичка говорница.

Реклама

-Општината е секогаш три чекори пред партиите, бидејќи наш врвен интерес се граѓаните и нивната безбедност. Освен што имаме подготвен правилник, веќе сме на терен, ги санираме штетите и работиме на расчистување. Добро е и советниците да се вклучат и да ги засукаат ракавите. И јас ставам ракавици и работам со службите, нема потреба да ја политизираме оваа ситуација- порача Герасимовски.

Со оваа мерка, Општина Центар обезбедува директна финансиска поддршка за побрзо санирање на последиците од невремето и помош за граѓаните во надминување на материјалните штети.