Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Во Делчево собрани 68 крвни единици на јулската крводарителска акција, утре акција и во Македонска Каменица

На редовната јулска крводарителска акција што денес се одржа во просториите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На редовната јулска крводарителска акција што денес се одржа во просториите на Општинската организација на Црвен крст – Делчево беа собрани вкупно 68 единици крв, со што уште еднаш беше потврдена хуманоста на крводарителите од регионот.

Од организацијата упатија благодарност до сите граѓани кои се вклучија во акцијата и со своето дарување придонесоа за обезбедување крв за пациентите на кои им е најпотребна.

– Благодарност до сите хумани граѓани кои денес беа дел од крводарителската акција и придонесоа за спасување на нечиј живот – порачаа од ОО Црвен крст Делчево.

Реклама

Оттаму информираа дека активностите продолжуваат и утре, кога ќе биде реализирана крводарителска акција во Македонска Каменица, со цел да се обезбедат дополнителни резерви на крв.

Воедно, Општинската организација на Црвен крст – Делчево ги повика сите крводарители кои во текот на 2025 година стекнале јубилејно признание за 5, 10, 25, 50, 75 или 100 дарувања, како и оние кои сè уште не ги подигнале признанијата од претходните години, да се пријават во просториите на организацијата.

-Пријавувањето може да го остварат во нашата канцеларија на улица „Методи Митевски Брицо“ бр. 4 или на телефонскиот број 033/412-010. При пријавувањето потребно е да се приложи дарителската книшка, односно соодветен доказ за бројот на реализирани дарувања, додадоа од Црвен крст Делчево.

Рокот за пријавување е до 17 јули 2026 година.