Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно шири паника, лани за пожарите, годинава за загаденоста на водата

СДСМ се жив доказ дека се способни да го пробијат моралното дно,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ се жив доказ дека се способни да го пробијат моралното дно, да користат случаи кои ги загрижуваат граѓаните, само за свој личен интерес, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во тој контекст се и нивните обиди од изминатите дена, со ширење лаги да креираат хистерија која предизвикува страв и несигурност кај граѓаните.

Очигледно е дека треба да се внимава на информациите кои ги пласира СДСМ, лани ширеа хистерија околу пожарите, а оваа година се обидуваат да создадат паника за загаденоста на водата, пласирајќи стар извештај за водата во Велес како да е актуелен.

Реклама

СДСМ повторно се служи со манипулации и дезинформации за да ќари политички поени на сметка на стравот кај граѓаните.

Извештајот што го пласираат е стар година и пол, од февруари 2025 година, и се однесува на село Сливник во општина Велес, населено место кое не е поврзано со градскиот водовод. Наместо факти, СДСМ свесно шири застарени информации за да предизвика вознемиреност кај јавноста.

Толку се очајни што не се двоумат да ја злоупотребуваат темата за здравјето на граѓаните за дневнополитички цели.

Намерното ширење паника и дезинформации е крајно неодговорно однесување и не смее да стане средство за собирање политички поени.

Граѓаните препознаваат дека ваквите обиди се резултат на очајот на СДСМ поради нивниот пад на довербата и рејтингот.