Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 12…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а  осум пожари се изгаснати.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општина Пробиштип во атарот на село Плешинци кон село Стрмош каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во општина Куманово во атарот на село Винце каде гори сува трева и во општина Петровец на потегот од село Горно Коњари кон село Винце каде гори сува трева, грмушки и шума.

Под контрола е ставен пожарот во општина Кавадарци – над депонијата во Росоман каде гореше сува трева, а изгаснати се пожарите во општина Могила помеѓу селата Српци и Беранци (жито), општина Велес – Бојаџиина Чешма (сува трева, трње и лозови насади), општина Струга – Генц Комерц (ниска вегетација и стрниште), општина Студеничани – с. Студеничани (ниска вегетација), општина Врапчиште – с. Неготино (сува трева), општина Струга – с. Делогожда (сува трева), општина Куманово – Споменик Костурница (сува трева и борова шума) и општина Гевгелија – на правецот од с. Миравци кон с. Петрово (сува трева).