Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Прилози

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прво суспендирана, па потоа со лисици на рацете директно спроведена во полициска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво суспендирана, па потоа со лисици на рацете директно спроведена во полициска станица. Директорката на гостиварски „Комуналец“, Артана Асани, е приведена заедно со уште двајца нејзини соработници – техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот Вадедин Дервиши. Тројцата се главни осомничени за загадувањето на водата во Гостивар. Тие, заедно со неколку полициски возила, беа донесени во полициската станица во Гостивар, каде што треба да дадат искази. Надлежните засега не соопштуваат детали од акцијата, но се очекува во текот на денот приведените да бидат изведени пред јавен обвинител. Од Обвинителството не соопштуваат детали, велејќи дека постапката сѐ уште е во фаза на предистрага и е тајна.

„Јавното обвинителство и натаму презема истражни дејствија за прибирање докази. Сите прибрани докази до овој момент, како и доказите кои допрва се очекува да бидат доставени, се анализираат за да се утврди состојбата, од која ќе произлезе правна квалификација на евентуално сторено кривично дело и идентификација на сторителите. Постапката сѐ уште е во фаза на предистрага, која е тајна. Веднаш по утврдување на сите околности и донесување на соодветна јавнообвинителска одлука, јавноста ќе биде запознаена“, велат од Јавното обвинителство.

Како што е познато, откако изби скандалот и веќе постоеја сомнежи дека над илјада гостиварци биле затруени, Асани се правдаше дека причината не била водата, туку дека тоа можело да биде храната или нешто трето. Но, откако излегоа резултатите од испитувањето на водата, кои покажаа дека во неа има измет, Асани утринава прво беше суспендирана, а веднаш потоа и приведена. Неофицијално, ќе ја товарат за кривичното дело загадување на водата и тешки дела против животната средина и природата. За ова дело се предвидени и затворски казни за загадувачот.

Реклама

Кривичен законик, член 219 Загадување вода за пиење

(1) Тој што со некоја штетна материја ќе ја направи неупотреблива водата за пиење во извори, бунари, цистерни или резервоари или некоја друга вода за пиење, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Ако поради делото од став 1 дошло до појава на епидемија на заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една година до пет години.

Тетовската полиција викендов соопшти дека нивните екипи на терен пронашле две водоводни пумпи поставени во канали каде што имало отпадни води и се сомневаа дека биле поставени за да се зголеми притисокот на водата во Гостивар. Инаку, надлежните прогласија епидемија во овој град, откако нагло беше зголемен бројот на заболени од гастроентеритис и беше надминат епидемиолошкиот праг на неделно ниво. Според последните информации, има над 3.000 луѓе со симптоми на труење.