Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи

За денеска ​е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За денеска ​е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто ќе се разговара за продажните и набавните цени на основните производи.  Како што кажа во четвртокот министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет,  контролите што ги спроведе Државниот пазарен инспекторат на над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај основните прехранбени производи и средствата за хигиена се зголемени за 2,66 проценти, додека просечните продажни цени пораснале за 4,56 проценти.

– Тоа значи дека дел од растот на малопродажните цени на прехранбените производи и другите производи се зголемуваат поради бруто-профитната маржа која што одредени трговци ја зголемиле оваа година, односно кога се намалиле набавните цени, тие не ги намалиле своите цени, рече Дурмиши.

Дурмиши посочи дека инфлацијата за јуни е намалена за 0,5 проценти, при што цените на храната и безалкохолните пијалаци се намалени за 1,1 проценти, а на транспортот за 1,6 проценти.

Реклама

-​ Од друга страна, најновата анализа што е направена, исто така за периодот март-јуни 2026 година, покажува поинаков тренд кај производителите, односно набавните цени пораснале за околу 2,04 проценти, додека продажните цени се зголемиле за само 0,16 проценти. Тоа значи дека трендот на зголемување на бруто-профитната маржа крајните месеци е намален и цените се во стабилна фаза. И за една година се зголемила само бруто-профитната маржа од страна на трговците, но тоа не е за овие крајни месеци.  Крајните месеци, од март до јуни годинава, имаме само 0,16 проценти зголемување на бруто-профитната маржа, што покажува дека е во стабилна состојба, рече Дурмиши.